УЖ на ВМРО ДПМНЕ : Неготино ја доби првата жена градоначалничка - Марија Нацева
- Неготино ја доби првата жена градоначалничка - Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.
Неготино, 2 ноември 2025 (МИА) - Неготино ја доби првата жена градоначалничка - Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.
- Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во нашата општина, а ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино ќе продолжиме да бидеме поддршка и двигател за нови успеси, истакнаа од Унијата.
Притоа и посакаа на Нацева успеси во понатамошната работа. свд/дма/
Фото: МИА